Канцеларија за научна соработка и проекти

Канцеларијата во рамките на своето работење ги извршува следниве активности:

  • ги следи повиците за поднесување на проекти за финансирање од различни програми и ги информира заинтересираните во рамките на Универзитетот;
  • ги проследува повиците за учество на конференции, симпозиуми и  семинари;
  • учествува во координацијата на тимот за научноистражувачките проекти: помага при изработката на проектната документација, ја следи реализацијата од позициите на проектот, поднесува извештај за степенот на нивната реализација, води кореспонденција со другите учесници во проектот, учествува на работни состаноци за координација и планирање на преостанатите активности;
  • врши информатичко-стручни и административно-извршни работи и работни задачи;
  • обезбедува материјали и помага во ажурирањето на веб-страницата во делот за наука;
  • подготвува информации и извештаи за потребите на Универзитетот и по барања од органи и институции надвор од Универзитетот;
  • активно учествува во средувањето на дигиталната и хартиената документација од делокругот на своето работење;
  • организира собирање, средување и обработка на податоци од статистичка евиденција и друга документација;
  • управува со репозиториум на УГД;
  • води евиденција (база на податоци) на научноистражувачки лаборатории при УГД;
  • доставува обрасци и упатства за аплицирање за научноистражувачки  проекти и нивната реализација;
  • води евиденција и администрира со УГД проекти;
  • води евиденција на трудови (од вработени при УГД) објавени во списанија со импакт фактор.