Лабораторија за подготовка на микроскопски примероци

Раководител на лабораторијата

Доц. д-р Горан Тасев        

 

Лабораторијата, односно опремата од којашто е составена истата е намената за подготовка и изработка на примероци за набљудување под микроскоп.

примероци

Во лабораторијата е можна изработка на петрографски примероци за набљудување под микроскоп при пропуштена светлина, потоа  изработка на рудни примероци за набљудување под микроскоп при одбиена светлина, како и примероци соодветни за набљудување и анализа на под скенинг електронски микроскоп (СЕМ).

Електронски микроскоп (СЕМ)

Станува збор за висококвалитетна опрема од реномираниот светски производител STRUERS, којашто ги задоволува највисоките стандарди во подготвувањето на примероците за микроскопски и СЕМ набљудувања.

STRUERS

Лабораторијата, покрај фокусот на научните истражувања, овозможува и сервисирање на потребите на компаниите, главно, од областа на геологијата и рударството, но и цел спектар на други индустриски гранки.

Подготовка и изработка на примероци за набљудување

Лаборатории

 

 

Научноистражувачки центар

Основната дејност на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се темели на единството помеѓу научниот и наставниот процес  како трајна вредност.     Тесната позврзаност на научниот и наставниот процес произлегува од сознанието дека преку методологијата и апликативната улога на науката на Универзитетот се создава и одржува академски напон како критичен елемент во образовниот процес.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип негува и произведува академски вредности кои на општата скала на општествени вредности традицонално се поставуваат многу високо. Во најголема мерка позитивните академски вредности се темелат на движечката сила која произлегува од научните активности. Универзитетското наследство, универзитетската независност-автономност, универзитетската веродостојност се основните елементи на кои може со сигурност да се подигнат новите генерации на интелектуалци, извонредни професионалци, квалитетни личности кои можат да ја носат одговорноста на иднината на општеството. Во оваа научните истражувања ги развиваат индивидуалните квалитети на секој поединец како важен елемент на универзитетската академска заедница.

Научните истражувања на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се темелат на индивидуалниот проектен пристап кој го одразува и осигурува минималниот развој на академските јадра поради што на Универзитетот се создава мозаична слика од бројни мали научни јадра. Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со своите активности силно ги поддржува научните јадра кои забрзано ја развиваат дадената научна област, а со тоа и забрзано го афирмираат Универзитетот во европски и светски рамки. Оваа своја поддршка Универзитетот ја изразува преку формирање на посебни фондови за наука од кои во определена постапка одделни научни јадра можат да користат средства за динамизирањето на своите научни истражувања.

За поддршка и развој на научниот подмладок, Универзитетот афирмира и финансиски поддржува посебни програми за развој како што се програмите за студии во втор и трет циклус. Универзитетот и во иднина ќе продолжи да ги мотивира студентите со редовно вклучување во научноистражувачките проекти кои се активни во рамките на одредени научни јадра-катедри, како и воведување на посебни награди и признанија за најдобар научен или стручен труд на студент.

Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Брошура за Научноистражувачки центар 

Контакт

Адреса:

ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А

п.фах 201

Штип

2000

Македонија

 Телефон: +389 32 550 775

 Факс: +389 32 390 700 

     Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 Веб: http://research.ugd.edu.mk/