Наука и истражување


Уште од формирањето на Универзитетот една од главните цели, покрај создавањето млад високообразуван кадар кој ќе биде конкурентен на пазарот на трудот и потребите на современото општество, е и стремежот кон обезбедување врвни услови за научноистражувачка работа што ќе ги задоволуваат потребите не само на сопствениот кадар, туку и на деловната заедница што има сѐ подинамична потреба од ресурси, технологии, услуги и иновативни решенија за подобрување на квалитетот на животот на луѓето, развојот на општините и зачувувањето на човековата околина.

Во последниве неколку години Македонија го следи европскиот тренд за едуцирано општество во сите сфери на професионалното живеење. Се менува и нивото на знаења и вештини кои ги бара општеството од академската заедница и потенцијалните вработени. Од професионалците се бара знаење, креативност, но и иновативни способности за да можат да одговорат на барањата на пазарот. Науката игра сѐ поголема улога во задоволувањето на овие барања со тоа што исклучително академските истражувања ги заменува со истражувања насочени кон иновативни, интердисциплинарни знаења за изнаоѓање решенија за проблемите во регионите на делување и пошироко, како и за потребите од доживотно учење на работната сила.    

Со своите центри и модерно опремените лаборатории Универзитетот „Гоце Делчев“ обезбедува завидна база за научноистражувачка работа за академски цели и за помош на јавниот и приватниот сектор во нивниот развој и конкурентност не само на домашниот, туку и на меѓународниот пазар.



Biowaste